klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВРЕДИ: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

ВРЕДИ: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 07:38:14

Интегрален текст од соопштението на партијата ВРЕДИ: „Два дена по ред, Париз беше центарот на европските дипломатски случувања. Не случајно. По повод 14 Јули, Националниот ден на Франција, претседателот Емануел Макрон во француската престолнина собра десетици високи европски државници, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Македонија на овој исклучително значаен настан ја претставуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. На покана на претседателот Макрон, првиот заменик-претседател на Владата учествуваше на состанокот на Коалицијата на подготвените, на официјалната вечера во Елисејската палата, како и на свеченостите по повод 14 Јули, кои кулминираа со величествената воена парада на Шанзелизе. Во текот на два дена, Париз беше местото каде што се разговараше за безбедноста и иднината на Европа. Фактот што Македонија беше претставена од првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, сведочи за сѐ поактивната улога на нашата држава во важните меѓународни процеси и ја зајакнува нејзината позиција на европската сцена.“

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti