klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Возел мопед без возачка дозвола, изгубил контрола и тешко се повредил

Возел мопед без возачка дозвола, изгубил контрола и тешко се повредил
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 07. 2026. 20:53:39

Шеесет и едногодишен жител на Кичево се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над мопедот што го управувал, а полицискиот увид покажал дека возел без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 24 јули 2026 година во 09:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, В.В. (61), управувајќи мопед со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кичево, при што било утврдено дека 61-годишникот го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti