klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран

Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·30. 06. 2026. 16:49:30

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен под контрола. Храбрите велешки пожарникари со поддршка од тим од Национални шуми успеаја да воспостават контрола врз овој пожар. Во гасењето на овој пожар поддршка даде и еден воздухоплов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент наредив негово повлекување, бидејќи нема потреба од ер-трактор понатаму да дејствува на овој пожар, изјави Ангелов. Вториот тежок пожар, како што кажа, се наоѓа на територијата на општина Дојран и избувна на граничната линија помеѓу Македонија и Грција. -Пожарот почна да се шири во двете насоки - кон грчка и кон македонска страна денеска попладне, а нешто потоа се искачи по блиските ридишта на терен кој е исклучително тежок за движење - обраснат со многу трње и грмушки, како и друга висока вегетација. Поради ветерот кој се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti