Војната во Иран ги притиска рафинериите, цените на горивата би можеле да останат високи со години

Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување на недостигот во рафинерискиот сектор се многу поограничени. Цената на референтната нафта „Брент“ е околу 90 долари за барел, што е околу 25 проценти повеќе во однос на нивото од почетокот на конфликтот на 28 февруари, но значително под воениот максимум од 118 долари. Кај рафинираните производи, сепак, растот е многу поголем. Цената на дизелот во Европа е зголемена за повеќе од 70 проценти од почетокот на војната, додека бензинот во САД поскапел за околу 60 проценти. Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, војната исфрлила од употреба повеќе од 20 проценти од рафинерискиот капацитет на Блискиот Исток, кој пред конфликтот изнесувал 9,6 милиони барели дневно. Дополнително, затворањето на Ормуската Теснина го ограничува извозот на горива, а недостигот на сурова нафта од земјите од Заливот ги принуди рафинериите, особено азиските, да го намалат производството. Ситуацијата дополнително ја влошија украинските напади врз руската енергетска инфраструктура. Руската…


