Воената академија дел од меѓународната истражувачка мисија ACE²-EU ACEPLORATION MISSION

Во периодот 6–8 јули 2026 година, проф. д-р Југослав Ачкоски, полковник, од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзит „Гоце Делчев“ - Штип учествуваше на меѓународната истражувачка мисија ACE²-EU ACEPLORATION MISSION – Cybersecurity & Digital Sovereignty, која се одржа на Constantin Brâncuși University во Тaргу Жиу, Романија. Учеството на Воената академија во ваква меѓународна активност е реализирано за првпат, како резултат на заложбите на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за унапредување на меѓуинституционалната соработка со Воената академија и нејзино активно вклучување во меѓународни научноистражувачки активности и проекти. Настанот ги обедини истражувачите и експертите од универзитетите-членки на ACE² European University Alliance, со цел развој на заеднички научно-истражувачки проекти во областа на сајбер безбедноста, дигиталниот суверенитет и иновативните дигитални технологии. Во рамките на активностите беше презентирана проектната идеја „AI-Driven Secure and Sovereign Digital Infrastructure Platform for SMEs“, насочена кон развој на интелигентна платформа за зајакнување на сајбер отпорноста, дигиталниот суверенитет и безбедната дигитална трансформација на малите и средните претпријатија. Со учеството на вакви меѓународни настани, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ продолжува активно да придонесува во европскиот истражувачки простор, да воспоставува нови научни партнерства и да ја унапредува меѓународната соработка во областите на сајбер безбедноста, дигиталната трансформација…
Povezane vijesti

Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи, вели Николоски

Određen pritvor vozaču autobusa i donijeta naredba o sprovođenju istrage
