klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Воен хеликоптер со пет војници се урна на истокот од Чешка

Воен хеликоптер со пет војници се урна на истокот од Чешка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 12:20:46

Воен хеликоптер на чешката армија со пет припадници на вооружените сили денеска се урна на истокот од Чешка, соопшти војската на социјалната мрежа Икс. Во соопштението се наведува дека службите за итни случаи се на местото на несреќата во воената база во градот Намешт, над Ославоу, на околу 180 километри југоисточно од Прага. Досега не се објавени информации за причината за несреќата или за состојбата на луѓето што биле во хеликоптерот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti