klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 07:07:19

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е здравствено безбедна и ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 20 до 24 јули 2026 година, Секторот за санитарна контрола извршил 195 физичко-хемиски и 195 микробиолошки анализи на примероци од вода за пиење, земени од 45 мерни места низ Скопје. Резултатите од испитувањата покажуваат дека сите анализирани примероци целосно одговараат на барањата од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“ бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје наведуваат дека со редовниот мониторинг продолжуваат да го следат квалитетот на водата, со цел навремено информирање на јавноста и обезбедување сигурно и безбедно водоснабдување за сите граѓани на Скопје.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti