klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба – граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните

Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба – граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 14:55:02

Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓудругото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб со која претседавал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На седницата биле разгледани и други информации поврзани со состојбата со водоснабдувањето во Општина Гостивар, при што биле донесени повеќе заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Главниот штаб ја задолжил Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дотур на техничка вода за објектите од витално значење. Истовремено било потенцирано дека Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ќе ги доставуваат до Главниот штаб при Центарот за управување со кризи. -Армијата на Република Македонија ги стави во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti