Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации

Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во сливот на реката Вардар, најзначајниот воден ресурс во државата, кој опфаќа повеќе од 80 проценти од сите водни тела. Активностите ги спроведуваат стручни тимови на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кои вршат теренски мерења, земање примероци од површински и подземни води и лабораториски анализи на вкупно 170 локации. Мониторингот се реализира според нова национална мониторинг програма, која ги дефинира мерните места, параметрите и методологијата за следење на квалитетот и количеството на води. Програмата е изработена од страна на Швајцарската Програма за управување, користење и заштита на води, УХМР и меѓународни експерти. Таа претставува дел од поширока Стратегија за мониторинг на води, изработена со поддршка на програмата, чија цел е јакнење на институционалните и техничките капацитети на УХМР за долгорочно спроведување и надзор на водите во државата. Станува збор за клучен чекор кон воспоставување модерен систем за управување со водните ресурси, заснован на научни податоци и во согласност со Законот за води и Рамковната директива за води на Европската Унија. Директорот на УХМР, Игор Лазаровски, истакна дека квалитетниот и сеопфатен мониторинг е предуслов за ефикасно и одржливо управување со водните ресурси, чија вредност е непроценлива за луѓето, за…

