Во Собранието седници на шест комисии, на дневен ред енергетика, образование и безбедност

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, која во текот на денот ќе одржи две седници. На дневен ред на дел од комисиите се повеќе предлог-закони од областа на енергетиката, транспортот, образованието. меѓународната и привремената заштита и осигурувањето. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка. Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за меѓународна и привремена заштита, по скратена постапка е на Комисијата за одбрана и безбедност, додека на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка. Воедно, ќе се одржи и седница на Комисијата за образование, наука и спорт на чиј дневен ред во прво читање се предлозите на…


