Во Собранието претставени приоритетите на Ирското претседателство со Советот на ЕУ

Денеска во Собранието се одржа заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции со единствена точка на дневен ред - Презентација на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули – декември 2026 година, од Брендан Вард, амбасадор на Ирска за Република Македонија, со седиште во Букурешт, Романија. Седницата ја отвори претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, кој им посака добредојде на амбасадорот на Ирска, Брендан Вард, и на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков. Во своето воведно обраќање, претседателот Милошоски се заблагодари за континуираната поддршка што Ирска ѝ ја дава на нашата држава во процесот на европската интеграција. Во своето обраќање, амбасадорот Брендан Вард истакна дека Ирска има амбициозна агенда за време на претседавањето со Советот на Европската Унија, заснована на три клучни приоритети: конкурентност, вредности и безбедност. Во однос на конкурентноста, амбасадорот Вард се осврна на слоганот „Една Европа – еден пазар“, нагласувајќи дека економскиот развој останува еден од клучните приоритети на Европската Унија. Тој посочи дека конкурентната земјоделска политика, дигитализацијата на еврото, обезбедувањето еднакви услови за сите претпријатија, како и развојот на биотехнологијата и медицинските истражувања, ќе бидат меѓу приоритетните области на дејствување. Осврнувајќи се…
Povezane vijesti

Električni pikap od 22.900 dolara koji mijenja pravila

Nakon Ultre provjerili smo što turiste zaista dovodi u Split. Ove odgovore nismo očekivali
