klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 07. 2026. 12:20:16

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, во Собранието се одржа комеморативен настан со кој беше оддадена почит на жртвите и беше испратена порака за зачувување на историската меморија, мирот и соживотот. На настанот се обратија претседателот на Собранието, Африм Гаши, проф. Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи. Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека геноцидот во Сребреница претставува еден од најголемите неуспеси што оставил траен и темен белег врз човештвото. Тој нагласи дека геноцидот не започнува со звукот на оружјето, туку со рамнодушноста кон насилството, додавајќи дека токму затоа улогата на институциите е од суштинско значење. „Институциите ја добиваат својата вистинска смисла само тогаш кога ги штитат основните човекови вредности и достоинството на секој човек“, порача Гаши. Проф. Ферид Мухиќ направи историски осврт на настаните што довеле до геноцидот во Сребреница, оценувајќи дека претставува пораз за целиот Балкан. Тој истакна дека геноцидот не е случаен настан и повика да се надминат омразата и поделбите преку негување на хуманоста. Џевад Хот истакна дека Сребреница не е само географско место, туку симбол на тоа до каде може да доведе човечката омраза кога…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti