Во Собранието ќе заседаваат шест комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии - Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година. На Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање. На Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Утврдувањето Предлог - одлука за избор на членови на Советот за граѓански надзор и Разгледувањето на пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија број 142/2026). На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите…
Povezane vijesti

Problemi u energetskom sektoru u FBiH: Na dobošu imovina rudnika

Ryanair se konačno oglasio nakon što je Srbijanac skoro ispao kroz razbijeni prozor aviona
