klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 06:41:08

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. На Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка. На Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка. На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, сите по скратена постапка.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti