klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца како што Филипче ги нарекува, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца како што Филипче  ги нарекува, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 08. 2026. 07:38:30

Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога - стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на граѓаните, насилство, криминал и лица корисници на наркотични средства, какви што има во највисоките партиски редови. Внукот на Заев, Христијан Ефтимов и неговиот другар Илија Стојанов се условно осудени на казна затвор од една година и шест месеци поради насилство врз странски државјани во Струмица. А, тоа и сами го потврдија со секојдневните изјави. Овие лица не можат да се претстават како жртви, тие се производ на талогот на СДС, кои сметајќи дека се деца на Заеви можат да прават што сакаат, кога и да сакаат без за тоа да одговараат. Кога политичари како Филипче застануваат зад вакви лица и се обидуваат да ги претстават како жртви, јавноста има право да праша, каква порака им испраќаат на младите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti