Društvo Sjeverna Makedonija
Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус

Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 10. 2026. 19:37:48
Сите вработени во Словенија годинава ќе добијат задолжителен божиќен бонус, кој не може да биде помал од 740,94 евра. Со воведувањето на така наречениот зимски бонус, божиќниот бонус стана задолжителен за сите работодавачи во Словенија. Износот е поврзан со минималната бруто-плата, која во 2026 година изнесува 1.481,88 евра, а зимскиот бонус е утврден на половина од тој износ. Работниците кои ја поминале целата година кај истиот работодавач со полно работно време имаат право на минимум 740,94 евра. На оние кои работеле со пократко или скратено работно време им се исплаќа пропорционален дел. Работодавачите мора да го исплатат бонусот во најдоцна до 18 декември. МИА
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


