klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во руски напад врз товарен брод во Црно Море загинаа десет луѓе

Во руски напад врз товарен брод во Црно Море загинаа десет луѓе
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 11:07:15

Десет луѓе загинаа во вчерашниот руски напад врз товарен брод во близина на Одеса, во Црно Море. Товарниот брод, што превезувал пченка, пловел под знамето на Гвинеја Бисао. - Потрагата и спасувачката мисија траеја цела ноќ, а пожарот на бродот е ставен под контрола. Осум членови на екипажот се спасени. За жал загинаа десет луѓе меѓу кои и пилот на Управата за украински морски пристаништа, соопшти Управата. Украинските власти наведоа дека напад врз цивилен брод се смета за воено злосторство. Погодениот брод вчера исплови од украинско пристаниште, а екипажот е од 17 сириски и индиски државјани. Тие беа придружувани од украински пилот од Управата за морски пристаништа.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti