klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во Рим во август ќе се одржат нови преговори Израел – Либан

Во Рим во август ќе се одржат нови преговори Израел – Либан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·28. 07. 2026. 07:40:02

Американскиот Стејт департмент соопшти дека од 4 до 6 август во Рим ќе се одржат нови разговори помеѓу Израел и Либан во рамките на воспоставувањето „пилот зони“. Во Рим на техничко ниво ќе се разговара и за нерешените гранични прашања помеѓу двете држави и за сеопфатен договор за мир и безбедност. Либанската армија на 21 јули почна да се распоредува во „пилот зоните“ во јужен Либан, кои претходно беа под контрола на израелската армија. Предавањето на контролата е договорено помеѓу Израел и Либан со посредство на Вашингтон, а договорот предвидува постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, а Хезболах, кое има поддршка од Иран, да биде разоружан. Хезболах е против договорот со Израел и одбива да се разоружа. Шиитската група го вовлече Либан во нова војна со Израел на почетокот на март откако го нападна Израел во знак на солидарност со Иран.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti