Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините

Климатските промени сè посилно ги погодуваат европските градови и сериозно го загрозуваат здравјето на нивните жители. Смртноста поврзана со големите жештини расте во речиси сите градови, а посебно е погодена Јужна Европа, покажува новото научно истражување објавено во списанието The Lancet Public Health. Истражувањето го спроведе конзорциумот Lancet Countdown Europe, кој анализираше 28 показатели поврзани со климата и здравјето во повеќе од 800 европски градови. Резултатите покажуваат дека жителите на европските градови се соочуваат со досега незабележан пораст на температурите, но и со сè поголеми ризици од заразни болести, алергии и изложеност на чад од шумски пожари. Според истражувањето, смртноста поврзана со големите жештини помеѓу 2015 и 2024 година пораснала во просек за 82 смртни случаи на милион жители во споредба со периодот од 1991 до 2000 година. Пораст е забележан во 98,7 проценти од проучуваните градови. Најмногу се погодени градовите во Јужна Европа, каде што е забележан просек од 132 дополнителни смртни случаи на милион жители, што претставува зголемување од 161 процент. Во Западна Европа се забележани во просек 64 дополнителни смртни случаи на милион жители. Авторите на истражувањето, предводени од Кетрин Тон и Хосе Чен-Сју од институтот ISGlobal во Барселона, предупредуваат дека градовите мора да преземат конкретни мерки…

