Во Прилеп одбележани 25 години од Карпалак: Нивната жртва е темел на нашата одговорност

Прилеп достоинствено одбележа 25 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак. Прилеп и Македонија никогаш нема да ги заборават своите херои, во спротивно, ги губиме корените. Нивното херојско дело е врежано во нашата меморија, а нивната жртва нѐ обврзува, беа дел од пораките испратени од централното чествување во Прилеп. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески порача дека на 8 август 2001 година во кукавички терористички напад кај месноста Карпалак, на конвој со над 100 прилепски резервисти животот го загубија 10-те македонски херои. Згаснаа прерано младите животи кои несебично се жртвуваа за одбрана на суверенитетот и интегритетот на државата. Нивното херојско дело е врежано во нашата меморија, а нивната жртва нѐ обврзува. - Како што хероите на Карпалак несебично застанаа во одбрана на државата, денес сме должни со иста таква посветеност, решителност и мудрост да се соочиме со сите предизвиците кои ги носи сегашноста и иднината. Жртвата на бранителите ни дава обврска и храброст да успееме во тоа а нашата цел и успех е само една - Европска и просперитетна Македонија, рече Ристески. Прилеп и Македонија никогаш нема да ги заборават своите херои, во спротивно, ги губиме корените. Нивната жртва е темел на нашата одговорност. -Карпалак останува…

