klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во поплавата во Непал загинаа најмалку 17 луѓе

Во поплавата во Непал загинаа најмалку 17 луѓе
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 08. 2026. 12:19:56

Најмалку 17 луѓе загинаа, а 384 лица се водат како исчезнати во поплавата што го погоди пограничниот регион помеѓу Непал и Тибет. Помеѓу исчезнатите лица 105 се индиски државјани, 12 Британци, а на 111 човек сè уште не е утврдена националноста. Надојдената вода оштети села и патишта, а непалските власти побараа помош од Кина и од Индија. Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија како река Гандак. Поплавата минатата година во реката Боте Коши уби девет луѓе, а го однесе и Мостот на пријателството кој ги поврзува Непал и Кина, што го наруши сообраќајот и трговијата на неколку месеци.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti