klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во Пехчево почна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“, улицата затворена до 18 август

Во Пехчево почна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“, улицата затворена до 18 август
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 08. 2026. 13:06:46

Во Пехчево започна реализацијата на проектот за изградба на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“ со краците „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, со кој треба да се подобри системот за одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на овој дел од градот. Од Општина Пехчево информираат дека проектот предвидува изградба на нова атмосферска канализациска мрежа, поставување ревизиони шахти и изведба на останатите градежни работи согласно проектната документација. Со реализацијата се очекува поефикасно одведување на дождовните води, како и подобра заштита на локалната инфраструктура и имотот на граѓаните. Поради изведувањето на работите, улицата „Илинденска“ е целосно затворена за сообраќај до 18 август. Во наведениот период нема да биде дозволено движење на моторни возила, освен за механизацијата ангажирана на градилиштето и службите за итна интервенција, согласно условите на терен. Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните да ја почитуваат привремената сообраќајна сигнализација, да ги користат алтернативните сообраќајни правци и да покажат разбирање за времените ограничувања, со цел градежните активности да се реализираат безбедно и во предвидениот рок. Од Општина Пехчево посочуваат дека изградбата на атмосферската канализација претставува долгорочно решение за проблемите со одведување на атмосферските води и е дел од инвестициите за унапредување на комуналната инфраструктура и подобрување на условите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti