Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид - Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето - во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција. Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево - Букојчани, околу 12 километри, кој треба да ги спои Стража со автопатот Охрид - Струга - Кичево. -Во однос на најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево, од Извор до Врбјани, две галерии се целосно звршени, третата е со 70 отсто динамика, а четвртата со околу 50 проценти. Во тунелите се поставува софтевер, сигнализација за следење на сообраќајот и за рано предупредување од пожари, вентилациски системи, како и супермодерен контролен центар. Очекувам во октомври оваа најтешка делница од автопатот да биде ставена во функција. Потоа ќе остане да се реши уште делот кај Ботун и како што ветивме, во првиот квартал од 2027 година автопатот да биде целосно ставен во функција. Но, не застануваме тука, знаете дека се градат патиштата Тетово - Гостивар и Гостивар - Букојчани. Очекувам добри вести од ЕБОР и во септември да најавиме изградба на уште еден автопат Кичево …


