klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Во „Ништо лично“: МЕМОРИЈА – од првите акорди во 1983 година до рок легенда што ги обединува генерациите

Во „Ништо лично“: МЕМОРИЈА – од првите акорди во 1983 година до рок легенда што ги обединува генерациите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·21. 10. 2026. 08:38:56

Од првите музички чекори во 1983 година, преку периодот на афирмација и создавањето на препознатливиот звук, до големите концертни враќања во последниве години, „Меморија“ изгради статус што не се мери само со бројот на албуми или настапи. Нејзината вредност е и во фактот што песните продолжија да живеат и во периодите кога групата не беше постојано присутна на сцената. На 23 октомври 2026 година, во арената „Јане Сандански“ во Скопје, „Меморија“ повторно најавува голема концертна приказна, овојпат под концептот „Од историја до Меморија“. Според најавите, тоа нема да биде само пресек на кариерата на групата, туку и музичко патување низ корените и развојот на македонската рок-сцена. Ова е приказната за бендот кој од една музичка идеја прерасна во еден од препознатливите симболи на домашната поп-рок култура. 1983–1985: Почетоците, првата песна и раѓањето на едно музичко име За да се разбере приказната на „Меморија“, мора да се вратиме во првата половина на осумдесеттите години, во време кога македонската поп и рок-сцена постепено го оформуваше својот препознатлив идентитет во рамките на тогашната југословенска музичка индустрија. Младите музичари сакаа да создаваат сопствени песни, да настапуваат пред домашната публика и да изградат звук што ќе биде препознатлив и надвор од Македонија. Во таква атмосфера…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti