klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 20:30:37

Со спектакуларен музичко-сценски перформанс на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела (9 август) ќе започне музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија, соопшти „Авалон продукција“. Според најавата, преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на државата, при што ќе бидат претставени најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении. Во пресрет на 8 Септември, годинава ќе се реализира музички караван што ќе посети 11 градови низ државата, со настапи на познати македонски музичари и актери. Останатите градови од турнејата ќе бидат дополнително објавени. Кулминацијата на проектот е предвидена за 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што, според организаторите, ќе настапат повеќе од 120 уметници. Од „Авалон продукција“ ги повикаа граѓаните да присуствуваат на отворањето на караванот во Охрид и заедно да го започнат одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti