klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Во Луковица некогаш учеле над сто деца: Денес жителите ги раскажуваат спомените за водениците, свадбите и селските собори

Во Луковица некогаш учеле над сто деца: Денес жителите ги раскажуваат спомените за водениците, свадбите и селските собори
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·21. 10. 2026. 05:04:28

Училиште со повеќе од сто деца, воденици покрај реката, оризови ниви и свадби за кои помагало целото соседство. Вака изгледал животот во Луковица, во Општина Македонска Каменица, според сеќавањата на Љубе Ристовски и Бранко Милошевски, соговорници во серијалот „Прангов – Приказни од нашите села“. Во разговорите на локалниот каменички дијалект, тие раскажуваат за детството, работата, семејните занаети и обичаите. Нивните сведоштва ја откриваат и промената што ја донело иселувањето: помалку млади, замрени занаети и училиште кое одамна не работи. „Минатото беше многу поинтересно затоа што имаше поголема дружба на луѓе“, вели Љубе Ристовски. [sponsored_video] Училишниот двор некогаш бил исполнет со деца Еден од најживите спомени на Ристовски е училиштето во Луковица, во непосредна близина на неговиот дом. Според неговото сеќавање, во времето кога тој учел, таму имало меѓу 100 и 120 деца. Покрај учениците од Луковица, на настава доаѓале и деца од соседното село Тодоровци. Наставата се одвивала во комбинирани одделенија, а пред поаѓањето во прво одделение децата посетувале забавиште. Особено ги памети одморите и часовите по физичко, кога дворот оживувал од игра и детски гласови. По часовите следувале домашните обврски. Книгите се оставале дома, а децата оделе да го чуваат добитокот. И во тие обврски наоѓале време за дружење…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti