klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 07. 2026. 11:03:51

Во главниот град на Словенија, Љубљана, синоќа се одржа протест, на кој се побара излегување од НАТО. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел и пренасочување на воените расходи кон јавната сфера. Демонстрантите исто така изразија критики кон сегашната надворешна политика на Словенија, која планира да ги обнови односите со Израел. - Тие се обидуваат да го оправдаат зголемувањето на трошоците за одбрана и вооружување со љубовта кон мирот и безбедноста. Нема да бидеме обврзани со нивните лаги! - изјави една од организаторите на протестот, Тара Маслаковиќ. Таа наведе дека иако претходната либерална влада изразувала декларативна солидарност со Палестина, одржуваше економски и академски врски со Израел и не го осуди геноцидот со никаква акција. Според Маслаковиќ, надворешната политика на Словенија е уште подиректна со актуелната десничарска влада. Протестот во Љубљана следува по самитот на НАТО во Анкара, на кој лидерите разговараа за поддршката на Украина и спроведувањето на обврската за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од бруто-домашниот производ до 2035 година. Словенија ќе потроши помалку од два…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti