klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 08. 2026. 08:13:07

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО - Скопје. На минатото рочиште, на предлог на одбраната, беше сослушано вешто лице Владимир Даниловски. Одговарајќи на прашања од одбраната, Даниловски појасни дека предмет на неговата анализа не бил изборот на онколошка терапија, туку утврдување на евентуалните последици од медицинските постапки. - Предмет на ова вештачење не беше избор на најдобра можна онколошка терапија, туку судско-медицинска постапка на последиците од применето лекување. Мојата задача беше да утврдам дали постои конкретно докажана штета, дали дошло до влошување на здравствената состојба како последица на терапијата, дали терапијата го забрзала фаталниот исход и дали постои медицински докажана причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица - изјави вештакот. Тој нагласи дека кај ваквите случаи не е доволно да се утврди отстапување од упатствата за дозирање или примена на лековите. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози - Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti