klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Во Кавадарци одржан регионален консултативен настан во врска со измените на Законот за меѓуопштинска соработка

Во Кавадарци одржан регионален консултативен настан во врска со измените на Законот за меѓуопштинска соработка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 12:01:47

Во Кавадарци денеска се одржа првиот консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка, на кој беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за меѓуопштинска соработка, во присуство на претставници на четири плански региони. На настанот се обрати заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, кој истакна дека меѓуопштинската соработка претставува еден од најважните механизми за поефикасно извршување на локалните надлежности, подобро користење на расположливите ресурси и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните. Во своето обраќање, Селими нагласи дека предложените законски измени не претставуваат суштинска промена на постојниот концепт, туку негово унапредување со цел законот да стане појасен, попрактичен и полесно применлив за општините. Тој посочи дека компаративните анализи покажале дека успешната меѓуопштинска соработка не зависи само од законската можност за нејзино воспоставување, туку и од постоењето на јасни процедури, стандардизирани модели, методолошка и финансиска поддршка, транспарентност и ефикасни механизми за следење на нејзината примена. Настанот каде домаќин беше Општина Кавадарци, обедини претставници од 33 општини од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот плански регион. На консултативниот настан присуствуваа голем број градоначалници, претседатели на општински совети, претставници на општинската администрација и граѓанскиот сектор, како и членови на Комисијата за меѓуопштинска соработка и на Работната група за подготовка на измените и дополнувањата на Законот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti