klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во гасењето на пожарот над Никуштак ќе се интервенира и од воздух

Во гасењето на пожарот над Никуштак ќе се интервенира и од воздух
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 08. 2026. 12:33:43

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Куманово и на Национални шуми, со три противпожарни возила, интервенираат на гаснење на пожарот над селото Никуштак, а се очекува во текот на денот и воздушна интервенција, соопшти ЦУК. -Моментално се наоѓам на терен, во селото Никуштак, каде што заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, со три противпожарни возила, интервенираме за гаснење на пожарот над селото Никуштак. Од терен директно ги координирам активностите на екипите и сите мерки за справување со ситуацијата. Во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови, со цел што побрзо локализирање и гаснење на пожарот, вели директорот на ЦУК Мохамед Али. Екипите, додава тој, продолжуваат со максимален ангажман за спречување на ширењето на пожарот и за заштита на населените места и имотот на граѓаните. Воедно, тој апелира до граѓаните на максимална внимателност, да ги избегнуваат непотребните движења во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti