klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Во Дебар свечено беа доделени клучевите од 47 социјални станови

Во Дебар свечено беа доделени клучевите од 47 социјални станови
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·01. 08. 2026. 17:01:46

На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, г. Александар Николоски, генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, г. Марјан Стефановски, како и градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела. Церемонијата го означи успешното завршување на проект од особено социјално значење, преку кој 47 семејства добија трајно станбено решение. Становите им беа доделени на корисниците кои ги исполниле законски утврдените критериуми, меѓу кои лица без соодветно станбено решение, деца без родители или родителска грижа по навршување на 18 години, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, семејства со лица со попреченост, припадници на ромската заедница и лица погодени од елементарни непогоди. Во своето обраќање, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека Владата останува посветена на спроведување политики кои го подобруваат животниот стандард на граѓаните, нагласувајќи дека проектите за социјално домување ќе продолжат и во иднина. Тој им посака на добитниците многу здравје, среќа и нивните нови домови да бидат место на мир, сигурност и семејна благосостојба. Министерот за транспорт, Александар Николоски, ја потенцираше важноста на овој проект како дел од институционалните заложби за обезбедување достоинствени услови за живот на социјално ранливите категории граѓани и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti