klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во Битола се одржа работилница за стратегијата за развој на туризмот во Македонија

Во Битола се одржа работилница за стратегијата за развој на туризмот во Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 11:37:50

Во Битола денеска во салата на Советот, се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година. На работилницата учество зедоа претставници на Општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор. Поздравно обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. „Како град со големо културно и историско наследство, Битола има капацитет да напредува во сите областа, вклучително и туризмот, кој пак ја афирмира нашата Општина, но во исто време има свое влијание и врз подобрувањето на економската слика. Како Општина големо внимание посветуваме на патната инфраструктура што е многу важна и за туристите, а изградбата на автопатот од Прилеп кон Битола ќе има сериозно позитивно влијание врз подобрување на туристичката слика за нашиот град“ речеградоначалникот на Битола, истакнувајќи ги туристичките потенцијали што ги има општината. Од страна на ангажираните експерти за изработка на новата Стратегија за развој на туризмот беа презентирани клучните наоди од претходно спроведената анализа на состојбата на туризмот во овој регион и заклучоците од истата. Учесниците на работилницата дискутираа за наодите од анализата, а преку образецот со податоци даден…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti