klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: Владините институции ја стабилизираат состојбата во Гостивар, СДС шири дезинформации

ВМРО-ДПМНЕ: Владините институции ја стабилизираат состојбата во Гостивар, СДС шири дезинформации
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 07:11:11

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДС дека шири дезинформации и се обидува политички да профитира од состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, додека, како што наведуваат, надлежните институции работат на целосно стабилизирање на состојбата. Од партијата тврдат дека Владата и надлежните институции активно преземаат мерки за справување со проблемот и посочуваат дека бројот на граѓани кои побарале медицинска помош континуирано се намалува, што, според нив, укажува на подобрување на состојбата. „Деновиве се очекува да биде воспоставено редовно и безбедно водоснабдување со технички исправна вода“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се оценува дека СДС користи, како што велат, застарени извештаи и пласира неточни информации со цел да создаде чувство на несигурност и паника кај граѓаните. Партијата додава дека вонредните анализи ги демантирале тврдењата на СДС дека водата во Валандово не е безбедна за пиење и обвинува дека опозициската партија продолжува со, како што наведуваат, ширење лаги и дезинформации. ВМРО-ДПМНЕ воедно побара СДС да побара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, обвинувајќи ја партијата дека заедно со ДУИ и Алијанса за Албанците на Арбен Таравари го штити градоначалникот. Од партијата апелираат граѓаните да останат спокојни, истакнувајќи дека владините институции преземаат конкретни мерки и дека процесот на нормализирање на состојбата во Гостивар е…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti