klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС со ниту еден пакет вода не помогна во Гостивар, а сега безобразно лаже

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС со ниту еден пакет вода не помогна во Гостивар, а сега безобразно лаже
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 10:12:58

Колку ли злоба и неискреност има во СДС, кои дрско се обидуваат да кажат дека има некакви бизниси со водата што Владата бесплатно ја дели на гостиварчани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Талогот во СДС мислел што да искреира, каква лага да лиферува, па измислил дека Владата прави бизнис со компанијата „Кожувчанка“. Но, вистината е дека Владата на тендер ја избира компанијата која, по двојно поевтина цена од пазарната, од само 12,5 денари за литар и пол вода, ѝ ја продава на Владата, што е одлука поради нејзината определба да биде општествено одговорна и да не заработува од кризата во Гостивар. Очигледно само на валкан профит мисли талогот од СДС и се обиде да направи скандал таму каде што е чисто како солза. Ова е тоа мочуриште од кое произлезе предавничкиот талог од СДС, поради што ја нема довербата од граѓаните, посочуваат од владејачката партија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti