klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите, Владата го штити интересот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите, Владата го штити интересот на граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 13:33:34

СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните. Чии интереси штити СДС? Тврдењата дека „се излажани пациентите" се неточни и намерно ја игнорираат целата слика. Точно е дека референтната цена на „Фостер" беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен производител. Алтернативата е достапна во земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е стандардна пракса и препорака на СЗО за внесување на генерики кои ќе донесат заштеда, средства кои остануваат за здравствениот систем, а не за странски фармацевтски компании. Обвинувањата за „хаос и негрижа" не објаснуваат зошто СДС молчеше кога хронично болните пациенти со онколошки заболувања, останаа без биолошка терапија под нивна власт или кога умираа пациенто со цистична фиброза! Наместо да се бараат политички поени врз грбот на пациентите, властите преземаат конкретни чекори, проширување на позитивна листа и намалување на цените. И да, заштедените средства повторно ќе бидат употребени за нови лекови за истите пациенти, се наведува во партиското соопштение. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. -Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti