klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·11. 07. 2026. 07:28:06

Секоја една опозициска политичка партија СДС, Левица, ДУИ со свои различни изговори го блокира Изборниот законик, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Но, мотив на сите нив е ист, ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз. Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па после се откажа од намерата да го поддржи Изборниот закон. А, ДУИ, пак, отвора нови услови за начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија. Сите имаат различни барања и изговори, човек крајот да не може да им го фати. Овие различни образложенија на опозициските политички партии не се случајни. Тие имаат иста цел, да не се донесе нов реформски Изборен законик и со тоа да се создаде алиби за нивниот се поизвесен поразот на следниот изборен циклус. Зад ваквото однесување и политичко делување на опозицијата стојат партиски калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори. И тоа е сè поочигледно што не можат да го покријат со ниту едно соопштение…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti