ВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓаните

СДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од СДСМ. СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт. ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години има јасна доверба од граѓаните. Оттука, секојдневно работи за секој еден граѓанин за неговиот животен стандард, за подобра околина, за околина во која важат европските стандарди. И кога станува збор за избори, СДС нека не измислува, нека не зборува за алиби. Или како што вели Филипче, од СДС немало да бидат алиби за избори. ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби, стои во реакцијата на партијата на власт.
Povezane vijesti

ЕК издвојува речиси 170 милиони евра за производство на ракети, беспилотни летала и муниција

U Rusiji tražili medvjeda koji ne postoji. Žena ga napravila pomoću ChatGPT-a
