ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ

За пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка, за сега Абази да каже дека Филипче не бил виновен. Одговорноста на Филипче во овој случај произлегува од начинот на кој биле регулирани модуларните болници уште пред нивното поставување. Тогашниот Закон за градење бил изменет, со што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, а надлежноста за издавање одобрение за нивното поставување била префрлена на Министерството за здравство, односно на тогашниот министер Венко Филипче. Овие објекти не биле запишани во катастар, немале одлука од Владата за трајно користење и немале одобрение за употреба согласно Правилникот за простор, опрема и кадар. За овие околности постои документација во проектната единица на Министерството за здравство, која на 12.12.2023 година била предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал…
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
