ВМРО-ДПМНЕ: Филипче решил модуларните болници да бидат поставени и покрај сите институционални пречки и неисполнети услови, Абази не го смета за виновен оти и самиот е инсталација на СДС

Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година затвор. Катастарот одбивал да ги запише модуларните болници бидејќи биле набавени како стоки, а немало извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење. Светска банка, пак, барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастарот како доказ дека проектот е одржлив. Такви одобренија не можеле да бидат издадени ниту од општините, ниту од Министерството за транспорт и врски, бидејќи не била запазена процедурата и одредбите од Законот за градење. Значи, сите институционални и стручни предупредувања биле тука. Сите се противеле, но Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат поставени. За ова беше оформен предмет кој со години стоеше во фиока. А кога конечно дојде моментот за одговорност, предметот заврши со тоа што Филипче беше спасен од кривична одговорност. Вака изгледаат инсталациите на СДС…
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
