klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните со години пиеле неисправна вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните со години пиеле неисправна вода
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·01. 08. 2026. 07:37:12

Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи и наоди кои укажувале на микробиолошки неисправна вода во повеќе населени места, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и локации во Скопје. Наместо навремено информирање и решителна реакција Филипче молчел и не постапувал, а граѓаните не биле навремено известени. Во 2021-та година, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Документи стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли, има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, граѓаните тоа не го знаеле и никој не ги известил. Во документи од 2019-та, некои 2018-та, во време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт, во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti