ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е лидер му е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лелции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди. Инаку не е ова одлика само на Филипче туку и на целата СДС, затоа што проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер, се наведува во партиското соопштение. Во документте стои дека на 11.11.2020 година, микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење. =15.02.2021 и 01.03.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење. 11.07.2022, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар…


