klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·27. 06. 2026. 14:10:44

СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие. Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина. Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн.- соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на Кузеска. Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци. За се има конкретни бројки и конкретни резултати. Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година. Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година. Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби. Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti