klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ бара Општина Центар да ги обештети граѓаните погодени од невремето

ВМРО-ДПМНЕ бара Општина Центар да ги обештети граѓаните погодени од невремето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 08:34:12

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар поднесе иницијатива за обештетување на сите граѓани чии домови, деловни објекти или друг имот биле оштетени во неодамнешното невреме што го зафати Скопје. Од советничката група посочуваат дека ниту еден граѓанин не смее да биде оставен сам да се справува со последиците од временските непогоди и дека институциите имаат обврска навремено да реагираат и да обезбедат поддршка за погодените. Во соопштението се наведува дека во вакви ситуации граѓаните очекуваат брза, организирана и ефикасна реакција од локалната самоуправа, наместо политички препукувања и изговори. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа сите членови на Советот на Општина Центар да ја поддржат иницијативата, оценувајќи дека станува збор за прашање од интерес на граѓаните кое треба да биде над политичките разлики. Истовремено, тие ја повикаа Општина Центар без одлагање да започне со проценка на штетите и да ги стави во функција сите расположливи капацитети за помош на семејствата и стопанствениците кои претрпеле материјална штета. Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека во вакви моменти е неопходна солидарност и институционална поддршка, со цел секој граѓанин да се чувствува сигурен и заштитен кога ќе се соочи со последиците од природни непогоди.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti