ВМРО-ДПМНЕ: Абази го спаси Филипче од одговорност за модуларната болница и заминувањето го заокружи со работење за СДС и ДУИ

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДС и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а болниците биле набавени како стоки, кои не можеле да бидат користени како објекти за здравствена дејност. Техничката спецификација, пак, била изготвена од лице назначено директно од Венко Филипче. Светска банка барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници, како и извод од Катастар, со цел да се покаже одржливоста на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, затоа што процедурата не била запазена. Катастар одбивал да врши упис на болниците, затоа што тие биле набавени како стоки и немало извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, кој бил потребен за нивно запишување. Во случајот со модуларната болница во Тетово, каде животите ги загубија 14 лица за неполни две минути, Артан Етеми, тогашен економски директор на болницата, бил против…
Povezane vijesti

Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор

Италијанскиот генерал-мајор Роберто Вергори ја презеде командата над мисијата КФОР
