Владина реконструкција: Ова се биографиите на новите министри

Собранието вчера ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за нов министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за нов министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Ѓоко Велковски - Министер за социјална политика, демографија и млади Досегашниот заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски е избран на раководната позиција во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Велковски, кој е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа на местото на досегашниот министер Фатмир Лимани, кој претходно беше разрешен од позицијата. Тој во периодот од јули 2024 до јули оваа година беше заменик-министер во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во периодот мај – јули 2024 бил раководител на Сектор…

