klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Владата со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура

Владата со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·09. 07. 2026. 07:35:52

Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион, соопшти владејачката партија и додаде: „Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови. Прво се изградија и се пуштија во употреба експресните патишта Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка, кои се многу значајни сообраќајни патни артерии за овие населени места. Со многу засилено темпо се изведуваат градежните работи на веќе започнатите автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола и на терен е видлив многу голем напредок. Се решија наследени проблеми на автопатот Кичево-Охрид, како што се и свлечиштата на косините со таканаречените галерии, и интензивно се работи за што поскоро негово целосно завшување. Се потпиша договор за финансирање, избрани се консултантот и изведувачот и следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Црна Гора и Албанија. И во ваквиот градежен бум невиден во поновата историја на Македонија не се заборавени ниту истокот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti