Владата испраќа 60.000 литри вода во Гостивар, Мицкоски: Граѓаните нема да бидат оставени сами

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да останат без поддршка и активно се вклучила во надминување на кризата. Според премиерот, од денеска локалното јавно претпријатие треба да започне со процесот на прочистување на водоводниот систем, со цел во првата фаза водата повторно да може да се користи за технички потреби и одржување на личната хигиена, а потоа и целосно да се нормализира состојбата. Мицкоски истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата и ќе преземаат мерки сè додека кризата не биде целосно надмината. Осврнувајќи се на одговорноста за настанатата состојба, премиерот порача дека морална одговорност треба да понесат сите, од прв до последен, во локалната власт во Гостивар. „За кривичната одговорност ќе одлучува Обвинителството, тоа е работа на надлежните институции“, истакна Мицкоски. Со испораката на нови количини вода и со активностите за прочистување на водоводниот систем, Владата продолжува со мерките за обезбедување помош за…
Povezane vijesti

Доволни се само четири минути за да знаете дали има хемија на првиот состанок

„Izbori se ne dobijaju u jednom danu“: Studenti zvanično krenuli sa akcijom „Student zove“
