Владата донесе Одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари. Владата континуирано ја следи состојбата, врши дневни анализи на движењата и останува целосно посветена на преземање навремени и активни мерки со кои ќе се ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството. Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел од ценовниот раст. Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар. Владата очекува Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со своите законски надлежности, да ја донесе одлуката за новите малопродажни цени на…
Povezane vijesti

Уапсен професионален возач кој управувал товарно возило вршејќи вонгабаритен превоз без одобрение и под дејство на алкохол

Novi britanski premijer Andy Burnham razgovarao s Trumpom
