Владата дневно ќе дистрибуира по 50.000 литри вода за гостиварчани, на овие пунктови може да се подигнат

Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции. Од Владата брифираат дека од првиот момент се во постојана кординација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Дистрибуцијата на водата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови: Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139 Градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47 СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39 ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165 АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг, ул. Чеде Филиповски бр. 29 Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35 Истовремено, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба. -Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку…
Povezane vijesti

OTKRIVENES NOVE AFERE KOJE TRESE RS: Nataša Miljanović Zubac šokirala javnost detaljima o Nedeljku Eleku, a na udaru su i Staša Košarac te Milorad Dodik

Солзите на Леo, за последен пат
