klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 08. 2026. 17:05:49

Вкупно 18 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 18 часот, два и сега се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи. Во информацијата од ЦУК се истакнува дека четири пожари се под контрола, а 12 се изгаснати. - Активни се пожарите во општина Македонски Брод - село Грешница, место викано Стојанова населба, каде горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица - помеѓу селата Ново и Старо Коњарево, гори стрниште - соопштија од Центарот. Оттаму наведоа дека пожари под контрола има во неколку општини. Станува збор за опожарени депонија во Делчево, ниска вегетација и нискостеблеста шума во село Падалишта во Гостивар, дива депонија во село Долна Белица во Струга, ниска вегетација и стрниште во село Блато, во атарот на село Врбјани, општина Кривогаштани. Изгаснатите пожари биле на територијата на општините Босилово, Валандово, Гевгелија, Гостивар, Желино, Брвеница, Неготино, Сарај, Штип, Чешиново-Облешево и два во Гази Баба.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti